Најдобро се продаваат луксузни станови на атрактивни локации

Bez autora
Jun 10 2014

Трошоците за градење паѓаат, а градежните фирми градат се помалку станови, покажуваат најновите извештаи на Државниот завод за статистика (ДЗС). Градежниците, кои велат дека последнава година ги спуштиле цените на станбениот квадрат за 10 до 15 проценти и тоа не генерално туку само при поединечни продажби, и понатаму не се предаваат и информираат дека во наредниот период не може да се очекува позабележително поевтинување на станбениот квадрат. Во услови на поголема понуда од побарувачка, шансата за опстанок ја нашле во изградба на помалку, но луксузни станови на најатрактивните локации. Според ДЗС во април годинава се издадени вкупно 205 одобренија за градење, од кои 130, односно 63,4% се за објекти од високоградбата. Ова е пад за 31,6% во однос на април минатата година. Вредноста на становите што треба да се изградат со новоиздадените градежни дозволи, пак е за над една третина помала отколку со издадените пред една година.

Најдобро се продаваат луксузни станови на атрактивни локацииТрошоците за градење паѓаат, а градежните фирми градат се помалку станови, покажуваат најновите извештаи на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Градежниците, кои велат дека последнава година ги спуштиле цените на станбениот квадрат за 10 до 15 проценти и тоа не генерално туку само при поединечни продажби, и понатаму не се предаваат и информираат дека во наредниот период не може да се очекува позабележително поевтинување на станбениот квадрат. Во услови на поголема понуда од побарувачка, шансата за опстанок ја нашле во изградба на помалку, но луксузни станови на најатрактивните локации.

Според ДЗС во април годинава се издадени вкупно 205 одобренија за градење, од кои 130, односно 63,4% се за објекти од високоградбата. Ова е пад за 31,6% во однос на април минатата година. Вредноста на становите што треба да се изградат со новоиздадените градежни дозволи, пак е за над една третина помала отколку со издадените пред една година. Трендот на пад на станоградбата трае повеќе од една година, кога градежниците обелоденија дека немаат купувачи за околу 5.000 станови. Во меѓувреме, барем според статистичарите, градењето станува се поевтино. Така, во првото тримесечје од годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти биле пониски за 1,8%. Во тој период трошоците за материјали биле пониски за 1.4%, а трошоците за вработените паднале за 3.1%. Споредено со првото тримесечје лани, пак, трошоците за нови објекти бележат пад од 1.6%, трошоците за материјали се пониски за 3.1%, додека трошоците за вработените пораснале за 3.2%.

Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, повикувајќи се на искуствата на градежниците потврдува дека помалку се гради, но не се сложува со статистичките бројки за пад на трошоците за градење.

- Точно е дека се гради помалку, поради поголемата понуда од побарувачката, но градењето не поевтинило. Градежните материјали немаат пониска цена, односно нема некој пад што може да се почувствува, а можно е поевтино да ги продаваат фирмите кои имаат поголема залиха на лагер. Исто така, не може да стане збор за поевтинување на работната рака, зашто, како што е познато, градежните работници се меѓу најниско платените и под тоа не може да се оди - вели тој.

Велковски потврдува дека последнава година цените на становите паднале за десетина до 15%, но тврди дека тоа не е генерален тренд, туку е резултат на деловна политика на фирмите.

- Нема генерална политика на намалување на цените на становите. Фирмите се раководат според условите на пазарот, па за одредени станови може да ја спуштат цената, на пример ако користат банкарски кредит, ако им треба свеж капитал и слично. Тогаш цените ги спуштаат колку што можат да издржат. Знаете, најголем трошок прави непродаден стан - истакнува Велковски.

Тој потенцира дека куповната моќ на граѓаните на кои навистина им треба стан е ниска, па градежните фирми се прилагодуваат и помалку градат, но градат луксузни станови на атрактивни локации. Во моментов, најдобро се продаваат становите во центарот на Скопје.

- За полуксузните станови на атрактивните локации има купувачи, за поевтините не. Во центарот на Скопје се уште се наоѓаат плацови за градба, таканаречени пломби, односно такви кои се меѓу други згради. Нам ни е исто каде ќе градиме, битно е само становите да се продадат. Цената на градењето и трошоците за работници се исти и во центарот и на периферијата на градот, со таа разлика што плацовите во центарот се доста поскапи. Освен тоа, и да не се продаде, стан во центар на атрактивна локација може лесно да се издаде и да носи некој приход - објаснува Велковски.

Ако подзакочија со изградбата на станови, градежниците во последно време кренаа рачна за изградбата на деловен простор. За овие објекти нема купувачи, а според Велковски се помал е бројот на фирми кои градат деловен простор во станбени објекти. Тој смета дека пазарот е презаситен со објекти за деловна и административна намена, а политиката на Владата да не се дозволува пренамена на паркинзи и слични делови на зградите во деловен простор ја смета за сосема исправна.

Патиштата ја билдаат вредноста на априлските дозволи

Според податоците на Државниот завод за статистика во април годинава се издадени 205 одобренија за градење што е за 14.9% помалку од истиот месец претходната година, но со вредност поголема за цели 353,1%. Според градежните дозволи издадени за нискоградба, високоградба и реконструкција, треба да се изградат објекти вредни 12.548.297.000. Оваа зголемена вредност во однос на лани се должи на нискоградбата, односно на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Со издадените одобренија во април ова година предвидена изградба на 422 стана со вкупна корисна површина од 36.734 квадратни метри. Од вкупно 205-те градежни дозволи, најмногу, 59, се издадени во скопскиот регион, каде најинтензивна градба се очекува во општината Карпош. Следни со по 29 издадени дозволи се полошкиот и југозападниот регион, каде најмногу ќе се гради во Боговиње, Гостивар, Кичево и Струга. Најмалку, само по 13 градежни дозволи се издадени во вардарскиот и во пелагонискиот регион.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik